Вонредната седница на Совет на општина Неготино 29.01.2021 година |
Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното : Р Е Ш Е Н И Е За свикување на седумнаесеттата вонредна седница на Советот на општина Неготино Вонредната седница ќе се одржи онлајн преку Зум платформата на ден 29.01.2021 година ( петок ) во 14 часот . За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В Е Н Р Е Д 1. Предлог- Одлука за отстапување , пренос на правото на сопственост на специјализирано комунално возило за собирање на смет , од општина Неготино на ЈКП Комуналец Неготино 2. Предлог- Решение за давање согласност на измена на Годишен план за вработување за 2021 година на општина Неготино 3. Предлог- Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на јавните службеници даватели на услуги и директорот на ЈОУДГ Фемо Кулаков Неготино за 2021 година 4. Предлог- Одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Неготино во рамки на Вториот проект за подобрување на општински услуги ( MSIP2) 5. Предлог- Одлука за изменување и дополнување на Одлука за определување на надомест за надворешен член на комисијта за урбанизам на општина Неготино |