Седница на Совет на општина Неготино 28.12.2020 година |
Врз основа на чл. 2 од Законот за локална самоуправа Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14, 13/20) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува четериесет и четврттата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на Домот на културата „ Ацо Ѓорчев“ Неготино на ден 28.12.2020 година (понеделник) во 09,00 часот. За седницата го предлагам следниот Д Н Е В Е Н Р Е Д 1. Предлог- Програма за локален економски развој на општина Неготино за 2021 година 2. Предлог- Програма за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2021 година 3. Предлог – Програма за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2021 година 4. Предлог- Програма за активностите на општина Неготино во областа на образованието во 2021 година 5. Предлог – Програма за култура, спорт и подршка на здруженија и фондации во 2021 година во општина Неготино 6. Предлог- Програма за енергетска ефикасност на општина Неготино за 2021 година 7. Предлог- Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2021 година 8. Предлог – Програма за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2021 година 9. Предлог- Програма за заштита на животната средина на територијата на општина Неготино за 2021 година 10. Предлог- Буџет на општина Неготино за 2021 година 11. Предлог – Одлука за извршување на Буџет на општина Неготина за 2021 година 12. Предлог – Буџетски календар за 2021 година 13. Предлог- Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2021 година 14. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештајот за потрошени средства од тековната и постојната резерва од Буџетот на општина Неготино за справување со кризата предизвикана со вирусот COVID 19 15. Предлог – Одлука за донесување на детален урбанистички план за УЗ 4, за дел од блок 2, општина Неготино 16. Предлог – Одлука за давање согласност за финансиско учество во предлог регионален проект- „Инсталирање на мерни станици за СМАРТ ЗЕМЈОДЕЛСТВО за општините Кавадарци, Неготино , Росоман и Демир Капија 17. Предлог- Правилник за постапката и критериумите за утврдување на пазарната вредност на земјишта и утврдување просечни цени на градежно и земјоделско земјиште 18. Предлог – Решение за давање согласност за расходување и движни ствари кои се застарени , неупотребливи и безвредни , сопственост на ЈОУДГ „Фемо Кулаков“ Неготино |