Вонредната седница на Совет на општина Неготино 18.12.2020 година |
Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11 и 16/12, 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното : Р Е Ш Е Н И Е За свикување на шеснаесеттата вонредна седница на Советот на општина Неготино Вонредната седница ќе се одржи онлајн преку Зум платформата на ден 18.12.2020 година ( петок ) во 12 часот . За седницата го предлагам следниот : Д Н Е В Е Н Р Е Д 1. Предлог- Решение за именување на член на Училишен одбор на ООУ „ Страшо Пинџур“ Неготино 2. Предлог- Решение за формирање Совет за социјална заштита за подрачјето на општина Неготино 3. Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација 4. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош Бр.08-636/1 Совет на општина Неготино 15.12.2020 година П р е т с е д а т е л, Диме Витанов |