СООПШТЕНИЕ Печати
Во организација на општина Неготино и Сојузот на училишни спортови и оваа година во чест на 8-ми Ноември ќе се одржат традиционалните трки низ улиците на градот. За прв пат годинава ќе се одржи и трка за сениори на која учество можат да земат лица над 18 години без лимит за старосната граница. Исто така, новина е и тоа што за прв пат низ улиците на Неготино ќе се одржи и трка со ролери. Сите заинтересирани своето учество можат да го пријават кај Андон Сотировски или на телефон 071-249-192 најдоцна до 04.11.2011 г.( петок ).