Соопштение до јавноста Печати
Општина Неготино ја известува заинтересираната јавност дека е доставен Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на УПВНМ за стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи на кп 1000 КО Неготини Општина Неготино, ул. “Ацо-Аџи Илов“ 2, секој работен ден од 08 до 16 часот.
По увидот, заинтересираните граѓани, невладини и други организации можат да ги достават своите забелешки и сугестии по однос на Студијата во писмена форма до одговорните лица за контакт во Општина Неготино до 01.09.2011 година.
Во општина Неготино, може да го најдете Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина на УПВНМ за стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи на кп 1000 КО Неготини општина Неготино со тех.број мај 2011.Скопје
На 31.08.2011 година ќе се одржи јавна расправа по Извештајот за Стратегиска оцена на животната средина во просториите на општина Неготино во 13 часот.