ПРОМОВИРАН РЕГИОНАЛНИОТ ОБРАЗОВЕН ПОРТАЛ |
Општина Неготино во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион ја организираше првата работилница на која се изврши презентација и промоција на Регионалниот образовен портал. Како што беше појаснето од страна на стручните лица кои го промовираа проектот, образовниот портал е веб – базирано решение за колаборација, комуникација и презентација на образовни содржини кои се прилагодени на образовниот систем. Како платформа за управување и учење, решението им овозможува на наставниците да управуваат и да ги реализираат административните активности, на учениците им се обезбедува интерактивен начин на учење, а на нивните родители им овозможува контрола и вклучување во образованието на нивните деца. Инаку, образовниот портал како платформа има можности да интегрира неограничен број на корисници.
|