Заврши обуката за 50 пчелари. Печати
   Во рамките на реализацијата на проектот „Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекугранична област кој е финансисран преку ИПА-ЦБЦ програмата Македонија-Грција се одржа завршната едукативна сесија по што на 50 пчелари од кои 25 постојни и 25 нови пчелари од страна на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на пригодна свеченост им беа доделени соодветни сертификати. Апостолов информираше дека покрај овој, со со обезбедените средства е предвидена реализација на проект за изградба на патна инфраструктура на патот Горни Дисан-Вешје во должина од 400 метри. Што се однесува до проектот за обука на пчеларите, обуките се спроведоа во 2 циклуси со времетраење од 70 часови и истите ги реализираа стручни лица од Факултетот за земјоделие и храна. По завршувањето на обуките, пчеларите почетници кои добија сертификати ќе добијат и опрема и ќе имаат обврска да се регистрираат како индивидуалци или претпријатие за производство на мед и други пчелни производи.