И З В Е С Т У В А Њ Е Печати

Во врска со ПОКАНАТА ЗА ПОНУДА објавена на нашата веб страна од 16.08.2016 година во врска со проектот,,Поддршка и развој на економија на пчелни производи во прекуграничнатa област-BEE-CONOMY,, за НАБАВКА на заштитна облека за 25 нови пчелари со отпечатено лого на проектот  за работа со пчели за  едукативни потреби  и обезбедување на заштитна облека за едукативни  цели,со детална спецификација во тендерскaта документација,за која беше утврден рок на достaвување на понуди до 23.08.2016 вторник  до 12.00 часот,ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ   дека општина Неготино го продолжува рокот за доставување на понуди до 31.08.2016( среда) до 12.00 часот. Отварањето на понудите ќе биде јавно во 14.00 часот истиот ден.

Тендерската документација   со прилагодени датуми подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG) е достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, од 16.08.2016 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена електронски или по пошта  поставена на ЦД.
Истовремено Ве информираме  дека останатите елементи на ПОКАНАТА ЗА ПОНУДА остануваат исти и се дадени во продолжение :
Документи во прилог на понудата:
-Тековна состојба не постара од 6 месеци издадена од Централен регистар
-Решение за регистрирана дејност од Централен регистар
Договорниот орган не ја исклучува можноста дополнително да бидат побарани следниве документи:
-во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари
-на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
-на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
-понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
-понудувачот  да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
-на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција-забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење на одделна дејност

c2_contractnotice

CORRIGENDUM No1
 
Контакт:
 М-р Лолита Ристова-проект менаџер
тел:043-361-045 лок.123
факс:043-361-933
моб.070370555  
е-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или
е-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите