Покана за циклус на обуки во рамки на проектот “Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој”со скратен назив Акроним,, wine-up,, Печати
Информации за проектот
Проектот “Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој” со акроним “wine-up” се реализира во период од октомври 2021 до април 2023 година, водечки партнер е Општина Пела – Република Грција, а проектен партнер е Општина Неготино, РС Македонија. Проектот има за цел поддршка и развој на економијата во овој регион.
Специфична цел на проектот: Подобрување на атрактивностите и промовирање на туризмот во прекуграничната област со цел подобрување на вработувањата во туризмот.
Активности кои ги предвидува проектот:
•    Активности кои ќе придонесат кон нови вработувања во правец на јакнење на човечките капацитети со обуки од областа на туризмот
•    Планирање на дирекни вработувања (времени) со намера истите да станат одржливи по завршување на проектот како во јавниот така и во приватниот сектор.
•    поддршка во организирање на настани, по повод Св Трифун и сл. за времетраењето на проектот, заради поголема промоција на општината, но истовремено како можност за размена на искуства со прекуграничните и други странски партнери
Циклус на обуки:
Општина Неготино заедно со компанијата О3 Инвест Скопје, во наредниот период ќе ги организира преостанатите две обуки.
1.    Организирање на настани
2.    Градење на вештини за туристички водичи

Обуките се наменети за студенти и невработени лица со цел поддршка за вработување во туризмот. Обуките ќе бидат во временски период од 1 месец, односно 20 работни денови по 1 до 2 часа во салата на Општина Неготино. Обуките ќе започнат на 12.10.2022.

Обука бр. 2 Организирање на настани 12.10.2022, 11:00 – 12:30

Обука бр. 3 Градење на вештини за туристички водичи12.10.2022, 13:00 – 14:30


Сите заинтересирани лица, повеќе информаци може да добијат на а Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Пријавувањето може да се направи електронски на следниот линк или телефонски на 070-786-808.