Одржан семинар - Менаџирање со информациони системи “ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција |
За целите на двата проекти кои општина Неготино ги имплементира,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина”-,,wa-mbrella” и проектот ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,,-,,енпол-ее,, на ден 27.11.2018 во Солун-Република Грција беше одржан информативен семинар за Менаџирање со информационен системи организиран од Заедничкиот секретаријат за “ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка. Семинарот опфати неколку теми: - МИС општ опис на системот - Регистрирање на корисникот и сметковотствено менаџирање , - Веб портал презентација, -Работна средина & МИС Генерални операции, - Процедура за Аплицирање на проектни предлози - Одобрување на поднесената Апликациона форма - Мониторинг процедура на проектот –Фаза А - Процедури за проектен мониторинг Присуството на овој настан беше искористено за остварување на договорни средби помеѓу менаџерските тимови на проектните партнери за проектот ,,wa-mbrella,, и,,енпол-ее,, од општина Неготино со надворешниот консултант за општините Алмопиа и Пела како прекугранични и водечки партнери во проектите.Во разговорите беа дискутирани клучните активности за суштинско имплементирање на проектот. |