Европски ден на соработка во општина Неготино Печати

    Годинава по 7-ми пат се одбележува Европскиот Ден на соработка со поддршка од ИНТЕРЕЕГ-ИПА ЦБЦ програмата и Министерството за локална самоуправа. За оваа цел, општина Неготино е вклучена во промотивната кампања по повод Европскиот ден со различни активности кои ќе се одвиваат на отворен простор. Настаните ќе се случуваат во петок на 5-ти Октомври во периодот од 10 до 12 часот на различни локации, а учество во истите ќе земат Општина Неготино, ЈКП Комуналец, ОСУ Св. Кирил и Методиј, ООУ Гоце Делчев,  Здружение на лица со посебни потреби Порака и Пчеларското здружение Неготински мед. Во рамките на активностите, општина Неготино преку промотивен штанд пред зградата на локалната самоуправа ќе дистрибуира флаери со информации за достапните фондови на ЕУ во разни области, а ќе се поделат и промотивни материјали од предходно реализирани проекти од ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција. Комуналец ќе спроведе акција „Заедно до почист град“, во ООУ Гоце Делчев настап ќе има мобилна пеачка група кои ќе ги посетат и останатите групи вклучени во активностите, групата од ОСУ Св. Кирил и Методиј ќе настапи низ „Креативност до Европска соработка“ во дворот на гимназијата, од Порака ќе учествуваат со креативна работилница на ракотворби, а Пчеларското здружение Неготински мед ќе се води под мотото „Преку соработка до развиено пчеларство со Европски стандарди и тоа низ практична примена на мобилна показна опрема за пчеларство директно во просториите на Здружението и во пчелниот парк во с. Вешје. Министерството за локална самоуправа за сите учесници обезбеди маички со логото „Заедно ја сликаме иднината“.