Ј А В Е Н О Г Л А С до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа Печати

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Неготино, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година усвоен од Владата на Република Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РМ, на ден 01.08.2018 година се објавува:

                                                                          Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С
                                                                                            до
                                                      евидентирани невработени лица за вклучување во
                                                             Програмата Општинско - корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Продолжување на функционирањето на игралните во руралните средини и воведување на нови иновативни социјални услуги за деца со посебни потреби вклучени во образовниот процес”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.



Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)
-млади лица до 29 години
-лица постари од 50 години
-лица корисници на социјална помош или паричен надоместок по основ на невработеност

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
-Асистент –помошник на воспитувач во игрална во с. Тимјаник(Лицето да биде со гимназиско,ССС или друг вид средно образование да е невработено и евидентирано во Центарот за вработување во Неготино и да припаѓа на некоја од целните групи)
-Асистент - помошник на воспитувач во игрална во с.Долни Дисан (Лицето да биде со гимназиско,ССС или друг вид средно образование да е невработено и евидентирано во Центарот за вработување во Неготино и да припаѓа на некоја од целните групи)
- Асистент - помошник на воспитувач во игрална во с.Војшанци (Лицето да биде со гимназиско,ССС или друг вид средно образование да е невработено и евидентирано во Центарот за вработување во Неготино и да припаѓа на некоја од целните групи)
- Образовени асистенти во ООУ “Гоце Делчев”- 6 лица  (Лицата треба да се со високо образование - Педагошки факултет-одделенска настава ,Филозофски факултет,Филолошки,Природно – матеметички, да се невработени и евидентирани во Центар за вработување Неготино и да припаѓаат на некоја од целните групи)
- Образовени асистенти во ООУ “Страшо Пинџур”- 6 лица (Лицата треба да се со високо образование - Педагошки факултет-одделенска настава ,Филозофски факултет,Филолошки,Природно – матеметички да се невработени и евидентирани во Центар за вработувње во Неготино и да припаѓаат на некоја од целните групи)
-Образовни асистенти во СОУ “Св. Кирил и Методиј”  - 2 лица( Лицата треба да се со високо образование – Филозофски факултет,Филолошки и Природно – математички, да се невработени и евидентирани во Центар за вработување Неготино и да припаѓаат на некоја од целните групи).

Заинтeресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино во периодот од 01.08.2018 година до 14.08.2018 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Неготино и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Неготино кај лицето Кртева Слободанка, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Неготино  кај лицето Тимова Жаклина,  Центар за социјлна работа Неготино кај лицето Давидива Љубинка.


Општина Неготино

Центар за вработување Неготино