„Ден на вранецот 2018г" во манастирот Св. Ѓорѓи Печати
   Во присуство на голем број посетители од нашата општина и гости од земјава и странство меѓу кои заменик министерот за земјоделство Благе Цветковиќ, заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски, гости од збратимените градови Наѓката-Унгарија и Попово-Бугарија, сопственици на винарии, претставници на Факултетот за туризам од Гевгелија и многу други присутни, денеска во манастирот Свети Ѓорѓи се одржа настанот Ден на вранецот на кој се дегустираше едно од најавтохтоните неготински и македонски вина „вранец". Присутните гости ги поздрави и настанот за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков. Инаку, настанот беше поделен во два дела и тоа првиот промотивно, дегустационен и хуманитарен настан Ден на вранецот со вина од индивидуални производители збогатен со „раванијада" и „зелникот од рацете на баба ми", а вториот Мастер клас за виното „вранец" со учество на винарии од општина Неготино и регионот. На сите учесници кои денеска се претставија со вино „вранец" градоначалникот Делков им додели благодарници.