Се подготвуваше „зелник од рацете на баба ми"! Печати
   Во просториите на постојаната етнолошка поставка во Музејот на град Неготино, а во рамките на Неделата на виното-Свети Трифун 2018г. се одржа настан насловен како ,,Зелникот од рацете на баба ми". Станува збор за приказна, презентација и оценување на изработени пекарски производи од вредните раце на претставничките на Здружението ,,Анри Динан" кое делува во состав на неготинскиот Црвен крст на кои им асистираа ученички од СОУ,,Св.Кирил и Методиј" од нашиот град. Изработените производи ќе бидат оценувани од 3-члена стручна комисија, а наедно ќе бидат и послужени за време одржувањето на Денот на вранецот. Од страна на организаторот на сите учеснички им беа доделени благодарници.