Етно-работилница на ракотворби и декорации Печати
   Во Музејот на град Неготино беше отворена етно-работилница на декорации и ракотворби инспирирани од грозјето и виното. Присутните на настанот имаа можност да ги разгледаат изработките од страна на штитениците во дневниот центар Порака и од Здружението на слепи лица од Неготино со асистенција на млади волонтери од неготинскиот Црвен крст. Изложбата ја отвори директорот на Музејот Ристе Марков, а претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов на учесниците им врачи благодарници. Изработените ракотворби и декорации ќе бидат изложени на штандови во среда 14 февруари на централната свеченост по повод празникот Св. Трифун која ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино.