Градски Шаховски клуб “Неготино” Печати

   Првиот шаховски клуб во градот Неготино е формиран во далечната 1938 година, по иницијатива на големиот играч и вљубеник во шахот - неготинецот Пане Станински Џекот.
Се до 2003 година клубот го носи името на првоборецот Манчо Малиминов, кога е формиран сегашниот нов рекреативен шаховски клуб, познат под името Градски Шаховски клуб “Неготино”.

 Шаховските ентизијасти кои од формирањето на ГШК “Неготино” во 2003 година, па до денес, раководат со клубот и ја сочинуваат неговата Управа се: Јордан Шијаков, Трајче Недев, Владимир Пасинечки, Ѓоко Павлов и други.
Најдобри резултати на клубот се настапите во најдобрата Прва Македонска шаховска лига и Купот на Македонија, додека во тековната сезона 2009/2010  клубот се натпреварува во Втората Македонска шаховска лига.
ГШК “Неготино” го даде и еден од најуспешните шахисти и воопшто спортисти од Неготино - Велемајсторот Трајче Недев, кој од 1994 година е Велемајстор и постојан член на Македонската шаховска репрезентација.
Велемајсторот Трајче Недев, кој денес е тренер и претседател на ГШК “Неготино” во 1997 година е прогласен за најдобар спортист на векот за постигнатите успеси во шахот.