ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН 2012 – ВТОРА ФАЗА Печати

Во рамките на втората фаза на манифестацијата “Топол културен бран”, во организација на Општина Неготино и Министерството за култура на РМ, на 24 август (петок) со почеток од 20.00 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе биде прикажан светскиот филмски хит “Фокерови” со Роберт де Ниро и Бен Стилер во главните улоги, на 29 август (среда) на градскиот плоштад со почеток од 21 часот љубителите на културата од нашата општина ќе имаат можност да го проследат концертот на националниот ансамбл “Танец”, а на 30 август (четврток) ќе биде реализирана изложбата на слики на академскиот сликар Ристе Соколов, со музичка придружба на Пламенка Трајковска - виолина.
Претходно, во првата фаза од манифестација беа одржани два културни настани, односно “Вечер на афоризми” со учество на десетина реномирани афористичари од државата, а на големото платно во Центарот за култура Ацо Ѓорчев беше прикажан и големиот светски филмски хит “Невозможна мисија 4” со Том Круз во главната улога.