ТОПОЛ КУЛТУРЕН БРАН 2012 – ВТОРА ФАЗА |
There are no translations available. Во рамките на втората фаза на манифестацијата “Топол културен бран”, во организација на Општина Неготино и Министерството за култура на РМ, на 24 август (петок) со почеток од 20.00 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе биде прикажан светскиот филмски хит “Фокерови” со Роберт де Ниро и Бен Стилер во главните улоги, на 29 август (среда) на градскиот плоштад со почеток од 21 часот љубителите на културата од нашата општина ќе имаат можност да го проследат концертот на националниот ансамбл “Танец”, а на 30 август (четврток) ќе биде реализирана изложбата на слики на академскиот сликар Ристе Соколов, со музичка придружба на Пламенка Трајковска - виолина. |