Традиционален фудбалски турнир “Вардарови петлиња 2012” |
Во организација на општина Неготино и ГФК “Вардар”, оваа година традиционално по петнаесeтти пат ќе се одржи турнирот во фудбал за млади категории (генерација 1999/2000 година) “Вардарови петлиња”. На турнирот ќе земат учество младите надежи на најреномираните фудбалски колективи од Македонија, односно: “Вардар” – Скопје, “Пелистер” – Битола, “Металург” – Скопје, Фудбалска Академија “Пандев” - Струмица, “11 Октомври” – Прилеп “Вардар” – Неготино. Турнирот започнува на 9 јуни (сабота) со почеток од 9.00 часот на градскиот стадион во Неготино, а истиот свечено ќе го отвори градоначалникот на општина Неготино г-нот Пане Трајков. |