Маскенбал 2018 Печати

   Во петок, на 30ти март, во организација на Општина Неготино и воспитно-образовните установи од градот ќе се одржи традиционалниот градски маскенбал, во чии рамки ќе биде организирано маскенбалско дефиле и забвна програма на бината на градскиот плоштад со музичко-забавни изведби на децата и учениците од двете основни и средното училиште “Св.Кирил и Методиј”.
Во рамките манифестацијата “Маскенбал 2018” своите поединечни и групни маски ќе ги презентираат децата од клоновите “Мајски цвет” и “Пролет” при детската градинка “Фемо Кулаков”, учениците од основните училишта “Страшо Пинџур” и “Гоце Делчев” и средното општинско училиште “Св.Кирил и Методиј”. Манифестацијата ќе започне со маскенбалското дефиле кое ќе тргне од двете основни училишта “Гоце делчев” и “Страшо Пинџур” точно во 12.00 часот, а ќе се движи по улиците “Маршал Тито” и “Партизанска” и ќе пристигне на градскиот плоштад од двата правци, каде што од 12.30 часот ќе започне забавната програма во рамките на која децата и учениците од Неготино ќе се претстават со музички перформанси, хумористични точки и денс изведби.