Пристигнаа 146 канти за отпадоци Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
   Деновиве во просториите на локалното комунално претпријатие ,, Комуналец ,, пристигнаа 146 канти за отпадоци. Истите се донација од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и се со намена за подобрување на хигиената во градот. По утврдувањето на локациите кои би биле најадекватни за нивно поставување, кантите за отпадоци ќе бидат распоредени и поставени на неколку локации во градот.

      Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков не го криеше задоволствотото од пристигнувањето на кантите за отпадоци и притоа изрази надеж дека истите ќе ја постигнат основната цел – подобрување на хигиената во градот, а наедно и упати благодарност до надлежните во ресорното Министерство. Директорот на ЈП ,, Комуналец ,, Диме Недев истакна дека кантите ќе се постават во централното градско подрачје, кај спортската сала Младост, на градските гробишта и на пазарот во Неготино, како и на други локации за кои ќе се утврди дека има потреба од истите. Недев информираше дека до Министерството за животна средина е доставено барање и за одобрување на контејнери, па доколку биде позитивно одговорено, наскоро и контејнерите би можело да бидат ставени во функција на граѓаните на општината.