СЕ ОДРЖА 9-ТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
   На 17.03.2010 г. Советот на општина Неготино ја одржа 9-тата редовна седница. Меѓу другото, советниците донесоа одлука за обезбедување на сопствено учество на општина Неготино за реализација на проект од Програмата за рамномерен регионален развој – Проекти за развој на селата, како и одлука за обезбедување на сопствено учество за реализација на проекти за промоција на Вардарскиот плански регион како атрактивна бизнис дестинација.



  На 9-тата седница советниците го разгледаа, расправаа и донесоа заклучок за усвојување на годишниот извештај за работа на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион во кој активно учествува и општина Неготино и кој во изминатиот седум месечен период активно работеше на извршување на своите надлежности кои влегуваат во делокругот на работа согласно Законот за рамномерен регионален развој. Исто така, на седницата беше разгледан и усвоен и годишниот извештај за спроведување на на Програмата за развој на Вардарскиот плански регион.
          Советот на општина Неготино донесе и одлука за обезбедување сопствено учество за реализацијата на Програмата за рамномерен регионален развој за 2010 г. во делот на проекти за развој на селата во општината. Со оваа одлука, општина Неготино заради реализација на проекти за развој на селата се обврза да обезбеди 51 % сопствено учество, односно 2.658.141 денари од потребните средства за реализација на проектот за градежно и урбанистичко уредување на центарот на село Криволак.
          Советниците едногласно ја усвоија и одлуката за обезбедување на сопствено учество на општина Неготино за реализација на проект од Вардарскиот плански регион. Имено, општина Неготино заради реализација на проект од Програмата за рамномерен регионален развој во 2010 г. се обврза да обезбеди сопствено учество во износ од 122.600 денари за реализација на проект за промоција на Вардарскиот плански регион како атрактивна бизнис дестинација со ставање акцент на промоција на стопанските зони во овој регион во кој спаѓа и општина Неготино.