Делегација од Бурса-Р.Турција во посета на општина Неготино Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
                                                       
Делегација на четвртиот по големина град во Република Турција- Бурса со над 2 милиони жители оствари работна посета на општина Неготино. За време на посетата тие остварија работна средба со градоначалникот Пане Трајков, присуствуваа на прославата на патронатот на ООУ ”Страшо Пинџур„ и потпишаа меморандум за соработка со директорката на училиштето Весна Јованова.
  
Турската делегација од градот Бурса беше предводена од претставникот на општината Суад Топал задолжен за прашања од областа на образованието, директорот на тамошното училиште Ариф Саваш, како и други претставници од градот и училиштето. За време престојот во Неготино тие беа примени од градоначалникот Трајков кој ги запозна со личната карта на градот и потенцијалите на општината, притоа изразувајќи надеж дека соработката покрај во образованието ке се прошири и на други полиња. Гостите од Бурса присуствуваа и на обележувањето на патрониот празник на ООУ ”Страшо Пинџур„ при што дел од нив зедоа активно учество во програмата, а потоа директорите на двете училишта Ариф Саваш и Весна Јованова потпишаа меморандум за меѓусебна соработка.