СРЦ Младост во склоп на ЈП Комуналец Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
  ВРЗ ОСНОВА НА ЗАКОНОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА И СТАТУТОТ НА ОПШТИНАТА, СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ДОНЕСЕ ОДЛУКА СО КОЈА ПРАВОТО НА КОРИСТЕЊЕ НА ОБЈЕКТОТ СПОРТСКА САЛА “МЛАДОСТ” СЕ ПРЕНЕСУВА НА ЈКП”КОМУНАЛЕЦ”. ПЕТМИНАТА ВРАБОТЕНИ ВО ЈП ЗА СТОПАНИСУВАЊЕ СО  СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО ДЕНОТ НА СТАПУВАЊЕТО НА ОДЛУКАТА ВО СИЛА СЕ ПРЕВЗЕМААТ КАКО ВРАБОТЕНИ ВО ЛОКАЛНОТО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ.
 
 
          Според образложението на градоначалникот Трајков дадено пред советниците, поради незаинтересираноста на Јавното претпријатие за одржување на спортската сала, дојде до нејзино запуштање и оштетување на делови од објектот, а подолг временски период на вработените не им се исплаќаше личниот доход и придонесите. Токму за надминување на присутните состојби беше усвоена Одлука во иднина со салата да стопанисува ЈП,, Комуналец ,, со надеж дека со воспоставувањето на управувањето со објектот значително ќе се подобри состојбата во која моментално се наоѓа спортската сала, а се очекува да се подобри и состојбата во делот на самофинансирањето на дејноста преку издавање на салата за организирање на културно-забавни настани, рекреирање на граѓаните, како и остварување приходи од спортските клубови. Исто така, се очекува приходи да се остваруваат и од реактивирањето и давањето под закуп на ресторанот кој е во склоп на салата Младост.