Се поставуваат нова линија и приклучоци за технолошка вода во с. Криволак Печати

Со средства од Буџетот на општина Неготино во селото Криволак се изведуваат активности за поставување на нова линија и приклучоци за технолошка вода во делот од селото каде што досега истите не беа поставени. Со оваа активност 35 домаќинства сега ќе можат да ги уживаат привилегиите од водата за наводнување на дворните површини. Изведувач на работите е ЈП Комуналец од Неготино.