Се одржа меморијалниот турнир во борење „Јован Димитров“ Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
   Под покровителство и организација на општина Неготино и БК„Неготино“ викендов по 9-ти пат се одржа меморијалниот турнир во борење во чест и сеќавање на нашиот сограѓанин Јован Димитров кој трагично го загуби животот во воениот конфликт на просторите на поранешната држава. Претставници на потесното семејство, на општина Неготино и на клубовите кои зедоа учество на турнирот положија свежо цвеќе на спомен бистата на Димитров. Активностите продолжија во салата „Младост“ каде што се одржа турнирот во борење со учество на 60-тина борачи од 9 боречки клубови од Македонија. Присутните имаа можност да проследат интересни борби, за тројцата првопласирани беа доделени пехари, медали и дипломи, а беа прогласени и најдобрите на турнирот и тоа: - најдобар млад борач Стефан Аризаноски од БК„7-ми Мај“ Прилеп, најдобар техничар Стефан Стојков од БК„Балканец“ Штип и за најдобар борач на турнирот беше прогласен Иван Јовановски од БК„Неготино“.