ЦРВЕНА ЈАБУКА ѕвезди на “Неготинска музичка вечер 2022” Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
  Манифестацијата “СПОРТСКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2022” продолжува да се реализира со несмален интензитет, а општина Неготино како кулминација на истата планира организација на традиционалната “Неготинска музичка вечер 2022” (18 септември, недела) на која ќе настапат познати имиња од македонската и балканската музичка сцена. Покрај веќе докажаните домашни музички артисти - Бојана Скендеровски и групата ДНК, на сцената на градскиот плоштад за првпат ќе настапи безвременската сараевска поп-рок група Црвена Јабука, чиј настап е на огромно задоволство на голем број наши сограѓани, а се надеваме и на голем број гости од соседните и другите градови во државата. Незаборавните хитови “Дирлија”, “Бежи кишо с прозора”, “Има нешто од срца до срца”, “Тамо где љубав почиње” и многу други, ќе се пеат на градскиот плоштад во Неготино на 18 септември, а почетокот на овој музички настан е закажан за 20.30 часот. Ова издание на Неготинската музичка вечер ќе го затворат двајцата домашни диџеи – DJ Andon и DJ Fitty Flow.