Спортско-културно лето 2022 продолжува со турнирот во пинг понг Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
   По завршувањето на интернационалниот фестивал на дуодрама “Бранко Ѓорчев”, манифестацијата Спортско – културно лето продолжува со одржувањето на турнирот во пинг понг, кој општина Неготино ќе го организира на новопоставените маси за пинг понг кој се дел од урбаната опрема на 4 локации во градот. Овој спортски настан за првпат ќе биде организиран во нашата општина, на иницијатива на градоначалникот Горан Стојанов и се планира истиот да стане традиционален. 
Право на учество на турнирот имаат сите заинтересирани граѓани на Општина Неготино. Пријавувањето се врши на телефонските броеви 076/212-094 и 072/320-842, најдоцна до среда 14 септември, до 16.00 часот. За најдобрите учесници на турнирот општината ќе обезбеди пригодни награди, а по завршувањето на турнирот ќе им бидат доделени благодарници на сите бизнис субјекти кој дадоа свој придонес за поставувањето на опремата за пинг понг, која на граѓаните на Општина Неготино им обезбеди дополнителен простор за спорт и рекреација.