Подготовки за новата учебна година во ООУ Гоце Делчев Неготино Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

   Во ООУ Гоце Делчев во нашиот град интензивно се одвиваат подготовките за успешен старт на новата учебна година во која во училишните клупи во централното и подрачните училишта настава ќе следат околу 810 ученици. Како што информира директорката Елена Стојанова во моментов се врши комплетно обелување на централното училиште, по што ќе се обелат и подрачните училишта. Исто така се работи и на подготовка на кабинетот по техничко образование, како и други тековни активности.