Се реновираат занималните во клонот „Мајски цвет“ во неготинската градинка Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

  Во Јавната установа за деца – Општинска детска градинка „Фемо Кулаков“ во Неготино, конкретно во клонот „Мајски цвет“, во моментов течат активности за реновирање на занималните во кои што престојуваат децата на возраст од 9 месеци до 3 години. Покрај занималните, се реновира и ходникот во овој дел на градинката. Додека течат работите, децата од овие групи се сместени и престојуваат во објектот „Темјанушка“, се додека просториите во „Мајски цвет“ не се прилагодат за нивно враќање и престој во истите.