Работилница за националната Стратегија за правата на лицата со попреченост (2023-2027) Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

   По иницијативата на Владата и Министерството за труд и социјална политика за отпочнување процес за подготовка на националната Стратегија за правата на лицата со попреченост и одржаната национална работилница, започнаа дискусии во рамките на работните групи кои ќе бидат задолжени да предложат мерки и активности за вградување во самата стратегија. Имајќи предвид дека вклученоста на локалните заедници е од исклучително значење бидејќи сите услуги се испорачуваат на локално ниво, во Неготино се одржа работилница за стратегијата со цел да се слушнат гласот и мислењата на општината и локалните чинители од сите сектори. На работилницата свои обраќања имаа Наталија Спасовска од ГИЗ, Васка Бајрамовска-народен правобранител и Благородна Шопова од ЗЕЛС кои истакнаа дека резултатите од процесот ќе се темелат на придонесот на секој чинител, како и поставувањето на остварливи заеднички цели, што пак се очекува да придонесе за успешна реализација на имплементациската фаза која следува. Предлозите и сугестиите од работилницата ќе бидат сумирани и документирани и соодветно презентирани на наредните работни групи кои продолжуваат од септември.