Ставени во функција 4 пинг-понг маси на неколку локации во Неготино Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

  Општина Неготино во соработка со неколку општествено-одговорни правни и физички лица од општината реализираше проект за поставување на 4 бетонски пинг-понг маси кои се веќе ставени во функција и граѓаните ги користат за спортување и рекреација. Имено,  пинг-понг бетонски маси се поставени на 4 локации во градот и тоа во кругот на СРЦ„Младост““, во паркот спроти градскиот Музеј, паркот во населбата „Саат-кула“ и паркот на раскрсницата кај улиците „Марксова“ и „Фемо Кулаков“. На задоволство на локалната самоуправа, истите се масовно посетени и користени од страна на граѓаните.