По 5-ти пат се одржаа „ Џидимирските средби“ Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
   Општина Неготино и оваа година во рамките на можностите со финансиски средства го поддржа одржувањето на 5-тите по ред „Џидимирски средби“ кои со упорност и истрајност традиционално ги организира Граѓанскиот форум за Џидимирци. Средбите започнаа со организирана посета, палање свеќи и положување цвеќе на спомен-обележјето поставено во 2016-та година во знак на сеќавање на починатите кои некогаш живееле во ова село, а присутните имаа можност да се потсетат на местото каде што некогаш живееле, да евоцираат спомени и да се потсетат на настани и случувања во времето кога живееле во Џидимирци. Настанот продолжи во Неготино со извонредно богата и квалитетна програма, со обраќање на претседателот на Форумот за Џидимирци Јован Лазарев, иницијаторот и главниот финансиер на манифестацијата Тасе Лазовски кои живее во Словенија, читање поезија, доделување плакети и музички настап на хорот „Франце Прешерн“ од Скопје под диригентската палка на маестро Александар Шопов. На крајот сите си посакаа довидување до следните 6-ти средби кои ќе се оджат во првата сабота во месец јуни 2023 година.