Директорот на Францускиот институт во Скопје г-дин Бештел во посета на Неготино Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

   Можностите за поддршка и промоција на Регионалниот проект за изучување на францускиот јазик во општина Неготино-беше една од темите на кои денеска како градоначалник на општина Неготино разговарав со г-динот Иго Бештел, советник за соработка и културно делување во Француската амбасада и директор на Францускиот институт во Скопје за време неговата официјална посета на нашиот град. На средбата разговаравме за можностите за спроведување и на други проекти во Неготино кои би биле од заеднички интерес за општина Неготино и Францускиот институт во Скопје,а беше потенцирана и успешната улога на Францускиот институт кој има значајна улога во едукативниот процес преку организирано изучување на францускиот јазик, франкофонските активности, обука на професори и друго. Предходно, г-динот Бештел престојување во СОУ„Св,Кирил и Методиј“ каде што на 35 ученици и професори од училиштето им беа врачени меѓународно акредитирани дипломи за познавање на нивото на францускиот јазик на ниво од А1 до Б2, а го посети и ООУ„Гоце Делчев“.