Честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Од мое лично име, како градоначалник на општина Неготино и од име на Советот на општината упатувам искрени честитки по повод 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите до сите наши сограѓани од ромската етничка заедница. Како локална власт, а во соработка со Здруженијата на Ромите, вклучени сме директно во надминувањето на проблемите и предрасудите со кои граѓаните од ромската заедница се соочуваат и се обидуваме да ги обезбедиме сите права и обврски кои им се загарантирани со законите. Општина Неготино и во иднина ќе продолжи да спроведува одржливи мерки со кои ќе се подобрува животниот стандард на сограѓаните Роми и нема да престане да се заложува за зајакнување на економската и социјалната вклученост на Ромите во сите општествени текови.