Денес започнува отвореното градско првенство во шах Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
Во организација на Општина Неготино и Градскиот шаховски клуб “Неготино” денес (понеделник, 4 април) со почеток од 17 часот во просториите на ГШК Неготино - ТИЦ Желкова куќа (2 кат), ќе започне Градското првенство на Неготино во шах за 2022 година. По 3 години пауза, првенството за отворено ќе го прогласи градоначалникот на Општина Неготино Горан Стојанов, а на истото учество ќе земат оклоу 30-тина шахисти – аматери од нашата општина. Првенството на кое ќе се игра швајцарски систем од 9 (или 7 кола) во зависност од бројот на пријавени учесници со темпо на игра од 30 мин. по партија ќе трае до овој викенд, кога Неготино повторно ќе добие првак во шах по неколкугодишна пауза. Наградниот фонд изнесува 25.000 денари, а покрај наградите за најдобро пласираните, ќе бидат доделени награди и за најдобриот млад шахист, најдобриот сениор и најдобра шахистка на турнирот. Мечевите ќе се играат секој ден со почеток од 18ч. до 20ч.
Пријавувањето за учество е најдоцна до 4 април (14.00 часот), а истото може да се направи на тел. 075 416 496 кај ВМ Трајко Недев.