Потпишан меморандум за соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
   Во својство на градоначалник на општина Неготино денеска со претставници на Универзитетот од Скопје го потпишавме меморандумот за понатамошна деловна соработка. Соработката би се одвивала во делот на партнерството за аплицирање проекти од заеднички интерес, реализација на практикуми за студенти, експертска поддршка од Универзитетот за туризам и менаџмент за градење и креирање на атрактивни туристички брендови и друго. Со меморандумот е обезбедено доделување на 15 стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година.