Се поставува сообраќајна сигнализација на 3 улици во Неготино Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
  По спроведената постапка за јавна набавка и врз основа на договорот помеѓу општина Неготино и фирмата Виа сигнал ДООЕЛ-Скопје, во тек се активности за поставување на сообраќајна сигнализација на 3 улици во градот и тоа „Едвард Кардељ“, „ЈНА“ и „Антигона“. Проектот се спроведува согласно програмата Ј6 – Одржување и заштита на локални патишта и регулирање на режим на сообраќај. Вредноста на работите што се изведуваат изнесува 649.019 денари.