Општина Неготино
ЛУ МУЗEЈ НА ГРАД НЕГОТИНО PDF Печати

Локална Установа МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО

 

Адреса: ул. "Маршал Тито" бр.119

тел: 043/361-712

Работно време: 8.00 - 16.00

 

Повеќе...
 
Неготинска вечер (19 септември) и Традиционален неготински панаѓур (21-23 септември) PDF Печати

Повеќе од 100 години во чест на верскиот празник Мала Богородица – 21 септември, во Неготино се одржува познатиот Неготински панаѓур.

Последните неколку години празнувањата започнуваат на 19 септември, кога се одржува познатата Неготинска вечер. Ова е вечер на староградска песна, музика и дружење за сите генерации, вечер кога Старата чаршија и градскиот плоштад во Неготино се претесни за да ги соберат посетителите, кои ги забавуваат познати и реномирани музички имиња на македонската естрада. Програмата е збогатена и со настапи на акробати и жонглери као и театарски перформанс на помали театарски групи.

Повеќе...
 
Наредната недела две театарски комедии во Неготино PDF Печати

    По повод одбележувањето на Светскиот ден на театарот, со финансиска поддршка на општина Неготино, во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” љубителите на театарот од нашиот град следната недела ќе имаат можност да проследат две одлични театрски комедии во изведба на театрите од Кавадарци и Куманово.
Најпрво во понеделник (26 март) на сцената во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” ќе биде одиграна претставата “Стјуардеси” во изведба на кавадаречкиот театар. Режисер на претставата е Диме Коцевски на текст на Марк Камолети. Покрај режисерската улога, Коцевски ќе понесе и голем товар од актерски аспект, а покрај него во претставата играат уште и Видан Станоев, Валентина Ѓорѓиева, Зорица Стефковска, Ребека Малиминовска, Никола Деков и Костадин Прокопов. Урнебесната комедија на Марк Камолети е еден од најпоставуваните текстови ширум светот, а уникатното режисерско гледање на Диме Коцевски и дава една сосема нова свежина, и прави чувство дека гледате сосема различна претстава која надополнета со неочекуваните сцени, специјалните гости и тиквешкиот дијалект кој провејува низ дел од сцените, засмејува до солзи. Почетокот на претставата е закажан за во 18.30 часот, а билетите по цена од 50 денари ќе се продаваат на билетарата на Центарот за култура “Ацо Ѓорчев”.
Претставата Бегај, еве ја жена ти (Па не баш) на кумановскиот театар “Трајко Прокопиев” во режија на Коле Ангеловски, на текст на Реј Куни неготинската публика ќе може да ја проследи во четврток 29 март со почеток во 20 часот во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев”. Во претстават играат Горан Илиќ, Дубравка Киселички, Владо Дојчиновски, Кети Дончевска Илиќ, Александра Михајловска, Илија Струмениковски и давид Илиќ. Режисерот Коле Ангеловски во својата адаптација посегнува по англискиот хумор од текстот на Куни, давајќи му домашен шмек, локална географија и дијалект и ткае возбудлива и современа приказна за луѓе од нашето секојдневие кои случајноста ги става во мноштво невозможни и урнебесни ситуации, со низа неочекувани пресврти.
Општина Неготино ги поканува сите љубители на театарот да не ја пропуштат оваа одлична можност за театарско уживање и дружење со извонредните актери од двата театри.

Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
ООУ „Гоце Делчев“ Неготино од 01.05.2015 до 31.05.2015 година ќе се врши упис на ученици во 1-прво одделение.
Уписот ќе се врши од 12,00 часот до 15,00 часот  при што родителот треба да дојде заедно со детето и со себе да понесе лична карта.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС НА УЧЕНИКОТ СЕ:

1. Извод од матична книга на родените;
2. Потврда од Здравствен дом за примени вакцини;
3. Потврда за систематски преглед на орална празнина од стоматолог;

Во учебната 2015/16 година ќе се врши упис на деца-ученици во прво одделение родени во 2009 година и месец јануари 2010 година.


                                                                                                                         ООУ „Гоце Делчев“ Неготино
 
Донација од 8000 заштитни маски за Општина Неготино PDF Печати

  Имајќи ја предвид сериозноста на ситуацијата со Корона вирусот во нашата држава, а посебно во нашата општина, комапнијата Зока Енерџи Солушн ДООЕЛ Неготино донираше 8000 заштитни маски за Општина Неготино. Од мое име но и од име на општината, упатуваме огромна благодарност за оваа донација, а како општина маските ќе ги пренасочиме до граѓаните и институции во нашата општина.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 2 од 377