Општина Неготино
Ликовна изложба на академскиот сликар Драган Хаџи Николов - Аџи PDF Печати
  Во рамките на втората фаза од манифестацијата “Топол културен бран 2014” организирана и финансирана  од Општина Неготино и Министерството за култура, во петок 22 август во 20 часот во изложбениот простор на Музејот на град Неготино ќе биде отворена изложбата “Етно приказни” на акдемскиот сликар Драган Хаџи Николов - Аџи од Гевгелија. Ќе бидат изложени 30-тина дела масло на платно создавани неколку години од страна на авторот, при што во делата на Хаџи-Николов доминира мртвата природа со етномотиви, предмети кои во минатото имале употреблива вредност, а сега претставуваат артефакти. Инаку досега, авторот има остварено триесеттина самостојни изложби во земјава и странство, а учествувал и на повеќе групни изложби и колонии.
Во рамките на манифестацијата “Топол културен бран 2014” во месец август ќе бидат реализирани уште три културни настани со кои ќе биде заокружено овогодинешното издание:
- од 25 до 29 август, во кино салата на НУЦК “Ацо Ѓорчев” љубителите на филмот од нашата општина ќе имаат можност да проследат Ревија на пет македонски играни филмови;
- на 27 август, со почеток од 12 часот во градската библиотека во Неготино ќе биде отворена изложбата “Ѕвезди на светската книжевност“ проследена со петско читање и литературен перформанс;
- на 31 август, со почеток од 20.30 часот на градскиот плоштад, ќе се одржи Ликовен хепенинг во организација на галерија АРТ-М од Неготино.
Инаку претходно, во рамките на првата фаза од манифестацијата, љубителите на театарот од Неготино имаа можност да ја проследат урнебесната комедија “Жена ми се вика Борис” во изведба на театарот од Демир Капија.

Повеќе...
 
Одржан редовен координативен состанок на Кризниот штаб на општина Неготино PDF Печати
Кризниот штаб на општина Неготино oдносно општинско координативно тело, денес одржа редовен состанок на кој беа дискутирани но и донесени заклучоци, а кои се однесуваат на мерките и препораките за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот во општина Неготино.
Согласно донесените нови одлуки од страна на Владата на Република Северна Македонија и продолжувањето на вонредната состојба во државата за нови 14 дена, Општинскиот штаб за заштита и спасување на општина Неготино ги разгледа состојбите на територијата на општина Неготино односно членовите на штабот дискутираа за нивото на почитување на мерките.
Согласно дискусиите беа донесени следниве заклучоци :
1.Угостителските објекти во општина Неготино досега доследно ги почитуваат протоколите и мерките за работа;
2. Во општина Неготино постојат појави кои се спротивни од се уште важечките одлуки за забрана за групирање и одлуката за носење на заштитни маски.
3. ОВР Неготино да ги засили конторолите и санкциите кон граѓаните кои ги прекршуваат забраните за групирање и одлуката за носење на заштита маска.
4.Во периодот што следи Општина Неготино ќе продолжи со редовната дезинфекција на градот и населените места.
 
Потпишан договор за изградба на улица во Криволак PDF Печати
   Денеска како градоначалник на општина Неготино заедно со извршниот директор на Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ од Скопје Елвис Шаќири го потпишавме договорот за соработка со цел за реалиција на проект за изградба на улица во селото Криволак. Имено, општина Неготино во рамки на Програмата за комунални дејности ја има предвидено конкретната комунална услуга и има предвидено буџетски средства за тоа, а „Ромалитико“ преку проект на УСАИД има обезбедено средства  за подобрување на животот на припадните на ромската заедница. Согласно потпишаниот договор, во реализацијата на проектот за изградба на улица во Криволак општина Неготино ќе финансира 60 отсто од вредноста на работите, а „Ромалитико“ ќе финансира 40 отсто од работите. Рокот за реализација на проектот е 6 месеци од потпишувањето на договорот.

 
 
ПОКАНА ЗА ПОНУДА-УСЛУГИ 05-395 Реф. CN1 - SO2.3 - SC031 no.10 05-395/3 PDF Печати

Проект,,wa-mbrella,,
Согласно Одлуката од градоначалникот на општина Неготино бр.05-395/1 од  31.07.2020 општина Неготино објавува тендерска постапка за „УСЛУГИ за завршен настан “ за проектниот партнер 2 –Општина Неготино за за проектот ,,wa-mbrella”,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина” или“Protection of the water resources by reducing the human environmental footprint” со Aкроним ,,wa-mbrella” согласно Договорот за грант број wa-mbrella - CN1 - SO2.3 - SC031 од 02.04.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The North Republic of Macedonia”,.По претходно веке направено истражување на пазарот, општина Неготино достави покани до 3 компании.
Покрај тоа  од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG 2019-Singal Tender ) .

Истата е  достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 14.08.2020 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена  електронски или по пошта  поставена на ЦД.

Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 14.09.2020 ( Понеделник )  до 16.00 часот согласно инструкциите во тендерската документација.Отварањето на понудите е планирано за  21.09.2020 (Понедлник)  во  10.00 часот во просториите на општина Неготино.

Општина Неготино тендерскaта документација ја доставува за објавување и на страната на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/

Контакт
Општина Неготино
043-361-045

Покана

 

Повеќе...
 
OБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈКОВ ПО ПОВОД СВ.ТРИФУН PDF Печати

                                                                             

ПОЧИТУВАН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЃОРЃЕ ИВАНОВ, ПОЧИТУВАНИ ЕКСЕЛЕНЦИИ ОД ДИПЛОМАТСКИОТ КОР ВО ЗЕМЈАВА, ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЦЕНТРАЛНАТА И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ, ГРАЃАНИ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО И ГОСТИ ОД ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО – ДОБАР ДЕН И НЕКА НИ Е ЗА МНОГУ ГОДИНИ ЧЕСТВУВАЊЕТО НА ПРАЗНИКОТ „СВ. ТРИФУН” А НА ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ЧЕСТИТ ПРАЗНИК „ПРОЧКА”.

 

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 9 од 377