Општина Неготино
О Г Л А С бр. 01/2022 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ВО ДЕНОВИТЕ 21, 22 И 23 СЕПТЕМВРИ 2022 Г. –НЕГОТИНСКИ ПАНАЃУР 2022 PDF Печати

О Г Л А С бр. 01/2022 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПОВРШИНИ  ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ВО ДЕНОВИТЕ 21, 22 И 23 СЕПТЕМВРИ 2022 Г. –НЕГОТИНСКИ ПАНАЃУР 2022

Б А Р А Њ Е  за добивање на  локација за  времено користење за поставување на урбана опрема за издавање во  деновите 21, 22 и 23 Септември 2022 година за време на Неготинскиот панаѓур 2022 година

 
Се уредува околината на „Саат-кулата“ во Неготино PDF Печати
  Веќе извесен период во Неготино се реализира проектот „Уредување на околината на Саат-кула“ кој е со вкупна вредност од 101.630,53 евра. Проектот опфаќа уредување на просторот со хортикултура, поставување на урбана опрема, поставување на детски играчки и реквизити, изведба на паркинг-места за велосипеди и автомобили, како и поставување на електрика, водовод и канализација. Инаку, врз основа на договорот за партнерство и договорот за субвенционирање на проектот WINE-UP-CN2-SO1.3-SC052 од 08.10.2021г. Oпштина Неготино во рамки на проектот „Подобрување на прекугранично винско искуство за локален развој“ со акроним wine-up ја реализира проектната активност „Подобрување на атрактивностите за развој на туризмот преку реализацијата на проектот „Уредување на околината на Саат-кула“ во Неготино. 
 
Повеќе...
 
Во Локалната библиотека „ Страшо Пинџур “ изложба на капитални книжевни дела PDF Печати
   Во рамките на реализацијата на традиционалната манифестација Топол културен бран 2014, за неготинската и пошироката јавност во Локалната библиотека „ Страшо Пинџур “ – Неготино во деновите од 27-ми до 31-ви август ќе бидат изложени капитални дела од колекцијата „Sвезди на светската книжевност“. Како што информираше директорката Катарина Данаилова, станува збор за колекција која претставува една од најзначајните цивилизациски придобивки, со што пак македонскиот духовен простор се збогатува со врвните остварувања од светската книжевна ризница. Се покануваат сите заинтересирани граѓани да ја посетат изложбата и на најдиректен начин да се запознаат со изложените дела кои се составен дел од колекцијата.
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО СО ПОДДРШКА ЗА ПРОЕКТОТ ,,УЧИЛИШНИ ЛИГИ,, PDF Печати

   Во рамките на спроведувањето на програмата за работа на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во делот на унапредувањето на состојбите во делот на спортот и младите, како и неговите заложби за организирање училишни лиги во различни спортови ( фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и други ) во средното општинско училиште Св. Кирил и Методиј започна одржувањето на училишната лига во мал фудбал. На турнирот учествуваат вкупно 18 екипи распоредени согласно сменската настава во училиштето, а победниците од двете смени ќе се сретнат во големото финале и ќе се натпреваруваат во борбата за првото место. Според зборовите на секретарот на општина Неготино Сашко Јанев локалната самоуправа оваа година за учениците од првопласираната екипа има обезбедено пригодни награди, додека за потребите на турнирот доделена е спортска опрема.

Повеќе...
 
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ PDF Печати

 Кооординативно тело на општина Неготино за справување со Коронавирус ги известува сите земјоделци на територијата на општина Неготино кои што вршат ДОПОЛНИТЕЛНА ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ да се пријават утре(петок) 05.06.2020 година во периодот од 11.00 до 16.00 часот со доставување на потребни податоци по телефон, со директно јавување или на смс порака.

Пријавувањето може да го направите на следниот контакт телефон:

078 822 292 

НАПОМЕНА: Сите претходно евидентирани лица остануват во евиденција и НЕМА ПОТРЕБА да се јавуваат дополнително за деновите петок (05.06.2020), сабота (06.06.2020) и недела (07.06.2020)

Сите евидентирани лица ќе може да ги извршуваат потребните земјоделски дејности од 05.00 наутро до 20.00 часот навечер во деновите( петок, сабота и недела)
Потребните податоци за лицето кое ПРВ ПАТ се пријавува за вршење на земјоделска активност за време на полициски час се:

1.име и презиме
2.матичен број
3.адреса на живеење
4.место каде ќе се извршуваат земјоделските активности
5.контакт телефон

Добиените податоци ќе бидат доставени до ОВР-Полициска станица Неготино заради контрола на движење на граѓаните за време на полицискиот час.
Граѓаните при движењето со себе да понесат и документ за идентификација(лична карта).

Напомена:Пријавувањето е дозволено само за полнолетни лица, не постари од 67 години.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 7 од 377