Општина Неготино
Две театарски претстави во рамките на прославата на Светскиот ден на театарот во организација на Општина Неготино PDF Печати

   Во рамките на програмата за култура, а по повод Светскиот ден на театарот 27 март, оваа година општина Неготино во соработка со Центарот за култура “Aцо Ѓорчев” по четврти пат ја организира прославата на овој ден, кој се слави ширум светот со изведби на голем број театарски прослави и перформанси. Во нашиот град ќе бидат одиграни две одлични театарски претстави - комедиии, во изведба на театрите од сосединте општини Демир Капија и Кавадарци.
Првата претстава со која ќе биде отворен фестивалот е урнебесната комедија “Љубовник со висок стил”, на авторот Реј Куни, а во изведба на театарот “Мирка Гинова” од Демир Капија. Под режисерската палка на Томе Атанасов, актерската група составена од вкупно 12 актери, на 25 март, среда со почеток во 20 часот на големата сцена во НУЦК “Ацо Ѓорчев” ќе ја изведат премиерата на оваа претстава пред неготинската публика.
Втората, исто така култна претстава, која претставува вистински сценски перформанс е комедијата “Сомнително лице” од српскиот автор Борислав Нушиќ. Истата е една од начесто изведуваните и најпосакуваните претстави на Балканот. Претставата ќе биде изведена од актерска група од 12 актери - членови на градскиот театар од Кавадарци. Режијата е на режисерот Диме Коцевски, а музиката на Марјан Тодоровски. Петок, 27 март, Центар за култура “Ацо Ѓорчев”, почеток 20 часот.

Повеќе...
 
Информативни денови во општина Неготино во рамки на проектот „ Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина “ PDF Печати
   Во рамки на проектот „ Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина ( Wa mbrella ),  денес во општина Неготино се одржа првиот од двата предвидени информативни денови на тема „ Заштита на биодиверзитетот и човековото влијание во делот на водоснабдувањето “.
Свои излагања имаа одговорните лица на проектот, Дени Трајков проектен менаџер од Општина Неготино кој даде пресек на проектните активности кои се спроведени во рамки на проектот, а експертот за биодиверзитет и води Ѓоко Зороски  даде осврт на заштитата на биодиверзитетот и човековото влијание врз водоснабдувањето со акцент на одржливиот развој и заштеда на водата.
На вториот инфо ден ќе биде даден  преглед на расположливите водни ресурси во државата, еднаквиот пристап до вода за пиење и преглед на состојбата на системот за водоснабдување во Неготино.
Проектот е финансиран во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА) Програма ,, IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – Republic of North Macedonia”. Водечки партнер на проектот e општина Алмопиа, Грција. Општина Неготино е Партнер 2, Партнер 3 е Општинското претпријатие за водовод и канализација на Алмопиа, Грцијa и партнер 4 е ЈП „ Комуналец “, Неготино.
Повеќе...
 
Одржан петтиот инфо ден во рамки на проектот „ ЕНПОЛ – ЕЕ “ PDF Печати
   Денес во општина Неготино, односно во Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ се одржа петтиот, а воедно и последен информативен ден на тема „ Подобрување на капацитетите на енергетска ефикасност во општините и промоција на подготвените програми за енергетска ефикасност за наредните 3 години “.
Оваа активност е една од многубројните активности кои се организираат во рамки на проектот „ Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животната средина“  со акроним „ ENPOL – EE “, а се реализира во партнерска соработка на Oпштина Неготино, СОУ„ Св.Кирил и Методиј “ Неготино, Општина Пела и Општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела од Грција .
Имено, пред почетокот на инфо денот беа доделени 600 зимзелени садници на сите кои земаа учество на отворениот повик „ Награди за најдобри енергетски практики “ кој беше објавен на официјалниот веб сајт на општина Неготино, но и останати граѓани од општината кои земаа учество на настанот.
 
 
Повеќе...
 
Одржан координативен состанок за доследно почитување на мерките и препораките за заштита и превенција од Корона вирусот во општина Неготино PDF Печати
Денес во Општина Неготино градоначалникот Тони Делков заедно со директорот на ЈЗУ „ Здравствен дом “ Неготино, началникот на ОВР Неготино, командир на ПС ОН Неготино одржаа координативен состанок на кој беше констатирано дека состојбата со Корона вирусот во општина Неготино во изминатиот период покажува зголемен број на заболени односно позитивни и лица во изолација.
Според информациите на одговорните до овој момент во општина Неготино има 28 позитивни случаи и 51 лице со издадено решение за изолација . Од самиот состанок произлегоа следните заклучоци, препораки и апел до граѓаните :
* Сите граѓани на општина Неготино максимално да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство и  Владата на Република Северна Македонија ;
* Да се намали движењето од една во друга општина односно непотребно да не се патува надвор од општина Неготино ;
* Во периодот што следи ќе има засилени контроли од страна на ОВР Неготино за непочитување на сите препораки и мерки од Министерството за здравство ;
*  Утврдено е дека банките, маркетите и градскиот пазар се најфрекфентните места каде има најмногу граѓани. Се апелира сите граѓани да ги почитуваат пропишаните мерки ;
* Да се избегнува непотребното одење до банките и почесто да се користи онлајн плаќањето и плаќање со платежни картички ;
* Сите јавни институции да се почитуваат дадените мерките за организирано временко работење ( во две смени, по пат на ротација или онлајн работење ) ;
* Сите јавни институции и приватни компании во општина Неготино да ја зголемат дезинфекцијата во своите објекти
* Апел до младите  да не се групираат во доцните часови и да избегнуваат групни посети во угостителски објекти. Да ги почитуваат мерките и после 23 часот да не се групираат ;
* Општина Неготино ќе започне со повторна дезинфекција на јавните површини ( улици ) ;

ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ. ОД НАС ЗАВИСИ !
 
Покана за циклус на обуки во рамки на проектот “Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој” со скратен назив Акроним,, wine-up,, PDF Печати

Покана за циклус на обуки во рамки на проектот “Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој” со скратен назив Акроним,, wine-up,,

Информации за проектот
Проектот  “Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој” со акроним “wine-up” се реализира во период од октомври 2021 до април 2023 година, водечки партнер е Општина Пела – Република Грција, а проектен партнер е Општина Неготино, РС Македонија. Проектот има за цел поддршка и развој на економијата во овој регион.
Специфична цел на проектот: Подобрување на атрактивностите и промовирање на туризмот во прекуграничната област со цел подобрување на вработувањата во туризмот.
Активности кои ги предвидува проектот:
•    Активности кои ќе придонесат кон нови вработувања во правец на јакнење на човечките капацитети со обуки од областа на туризмот
•    Планирање на дирекни вработувања (времени) со намера истите да станат одржливи по завршување на проектот како во јавниот така и во приватниот сектор.
•    поддршка во организирање на настани, по повод Св Трифун и Неготинскиот панаѓур во Неготино за времетраењето на проектот, заради поголема промоција на општината, но истовремено како можност за размена на искуства со прекуграничните и други странски партнери
Циклус на обуки:
Општина Неготино заедно со компанијата О3 Инвест Скопје, планираат да организираат три циклус обуки на следните теми:
1.    Управување со дестинација
2.    Организирање на настани
3.    Градење на вештини за туристички водичи
Обуките се наменети за студенти и невработени лица со цел поддршка за вработување во туризмот. Обуките ќе бидат во временски период од 1 месец, односно 20 работни денови по 1 до 2 часа во салата на Општина Неготино. Планирано е да се одржат за време на летниот период од јуни до септември, во зависност од потребите на граѓаните на општината и формирањето на групите. Подтемите како и динамиката на реализација ќе бидат дополнително споделени со сите заинтересирани.
Сите заинтересирани лица, повеќе информаци може да добијат на а Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Пријавувањето може да се направи електронски на следниот линк или телефонски на 070/786-808.


П О К А Н А 

https://docs.google.com/forms/d/17CxYBbx26KsoEVY0IkA8Li4ZwIC85zJULjWrlOHiT64/edit  

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 6 од 377