Општина Неготино
ПОКАНА ЗА ПОНУДА-РАБОТИ 05-390 PDF Печати

Реф. CN1 - SO2.3 - SC031 no.11  05-390/2

Проект,,wa-mbrella,,
Согласно Одлуката од градоначалникот на општина Неготино бр.05-390/1 од  10.06.2021 општина Неготино има потреба од  јавна набавка-  РАБОТИ   за изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем  во Неготино за проектниот партнер 2 –Општина Неготино за за проектот ,,wa-mbrella”,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина” или“Protection of the water resources by reducing the human environmental footprint” со Aкроним ,,wa-mbrella” согласно Договорот за грант број wa-mbrella - CN1 - SO2.3 - SC031 од 02.04.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The North Republic of Macedonia”,..Општина Неготино објавува ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG 2019-Simplified procedure ) .

Истата е  достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 09.07.2021 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена  електронски или по пошта  поставена на ЦД.

Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 09.08.2021 (Понеделник )  до 16.00 часот согласно инструкциите во тендерската документација.Отварањето на понудите е планирано за  16.08.2021 (Понеделник )  во  09.00 часот во просториите на општина Неготино.

Општина Неготино тендерскaта документација ја доставува за објавување и на страната на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/

Blanko pokana.pdf 

List of invitetd tenderers.pdf

Повеќе...
 
Неготински средношколци се запознаваа со пчеларството PDF Печати

   20-тина ученици од Средното општинско училиште „Св.Кирил и Методиј“ од Неготино присуствуваа на одржаната обука за пчеларството која се одржа во просториите на модерниот и современ „Апи центар“ лоциран во селото Вешје. Предавач на настанот беше претседателот на Здружението на пчелари „Неготински мед“ Миле Тошев, а неготинските средношколци имаа убава можност практично да се запознаат со тајните на пчеларството, опремата во Апи-центарот, неговото функционирање и слично.

Повеќе...
 
Се уредува паркова површина во с.Тремник PDF Печати

   Преку проект за развој на селата од Програмата за рамномерен регионален развој, во селото Тремник се уредува паркова површина. Станува збор за набавка и поставување на нова урбана опрема, детски реквизити и изведба на патеки во паркова површина. Со завршувањето на градежните работи најмладите жители на Тремник, и не само тие, ќе бодијат пријатно катче за одмор и релаксација.

Повеќе...
 
ОБЈАВА 01/2022 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Неготино PDF Печати
ОБЈАВА 01/2022
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
ООУ ,,Гоце Делчев,, Неготино од 01.05.2014 го 31.05.2014 година ќе се врши упис на ученици во 1-прво одделение.
Уписот ќе се врши од 12,00 часот до 15,00 часот при што детето треба да дојде заедно со родителот и со себе да понесе лична карта.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УПИС НА УЧЕНИКОТ СЕ:
1.Извод од матична книга на родените;
2.Потврда од Здравствен дом за примени вакцини;
3.Потврда за систематски преглед на орална празнина од стоматолог.
Во учебната 2014/15 година ќе се врши упис на деца-ученици во прво одделение родени во 2008 година и месец јануари 2009 година.
                                                                                          ООУ,,Гоце Делчев,, Неготино
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 5 од 377