Општина Неготино
Во среда (31.03) ќе се одржи завршен финален настан од проектот „ENPOL-EE“ PDF Печати

  Во среда на 31 овој месец на две локации во општина Неготино, а во рамките на проектот „ENPOL-EE“ од програмата за прекугранична соработка Р.Грција-Р.Северна Македонија, се организира завршен финален настан со кој ќе биде одбележано успешното завршување на проектот. Настанот е од отворен карактер и од 12 часот првата активност ќе се одржи во паркот на УЕ3 урбан блок 12 со обраќање на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и претстаник на Инвест доел, по што ќе следи презентација на реализираните активности и резултати од проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политиката за животна средина“. Со втората и третата сесија од настанот се предвидува уредување на паркот на УЕЗ Урбан блок 12 со засадување на 100 садници, а исто толку садници ќе бидат засадени и на детското игралиште на ул„Марксова“-УЕ4 Урбан блок 14. Сите заинтересирани, се рабира со строго почитување на здравствените протоколи, можат да присуствуваат и да се запознаат со резултатите од проектот кој се реализираше во партнерска соработка на општина Неготино, СОУ„Св.Кирил и Методиј“, општина Пела и општинското јавно претпријатие за култура и развој на Пела-Грција.

АГЕНДА 

 
Во четврток (07.07) во Неготино ќе се одржи информативна сесија од проектот „Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој“ PDF Печати
   По пријавата од општина Неготино за учество во циклусот на обуки како дел од проектот “Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој”, се информираат сите заинтересирани граѓани  дека на ден 07.07.2022 (четврток) во просториите на Општина Неготино со почеток во 14 часот, ќе се одржи информативна сесија, при што ќе утврдат начинот и времето на одржување на планираните обуки. Сесијата ќе трае 1 час. Специфичната цел на проектот е подобрување на атрактивностите и промовирање на туризмот во прекугранична област со цел за подобрување на вработувањата во туризмот.
Обуките се наменети за студенти и невработени лица со цел поддршка за вработување во туризмот. Обуките ќе бидат во временски период од 1 месец, односно 20 работни денови по 1 до 2 часа во салата на Општина Неготино. Планирано е да се одржат за време на летниот период од јуни до септември.
 
До петок (21.10.) може да се поднесат кандидатури за наградите по повод 8-ми Ноември PDF Печати
   Најдоцна до петок, 21 овој месец, до 16,00 часот до архивата на локалната самоуправа можат да се доставуваат предлози со кандидати за добитници на наградата, признанијата и признанието почесен граѓанин на Неготино по повод празникот 8-ми Ноември. Признанијата се доделуваат секоја година како израз на највисоко општинско признание што се доделува за посебни постигнувања во одредени области на поединци и институции од општината. Наградата и признанијата по повод 8-ми Ноември се доделуваат на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија на граѓани и заедници чии дела, односно резултати во работењето и дејствувањето, придонесле за нивна лична и афирмација на општина Неготино. Право на поднесување на кандидатури за добитници на наградата и признанијата имаат сите заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија, месни заедници и групи граѓани на посебен формулар кој можат да го подигнат во архивата на ОН или да го симнат од општинската веб страница. Пристигнатите предлози најпрво ги разгледува Комисијата за награди и признанија при општинскиот совет, конечната одлука за добитниците ја донесуваат советниците во Советот на општина Неготино, а наградите и признанијата на добитниците ќе им се доделат на свечената седница која ќе се одржи во вторник на 8-ми Ноември -Денот на ослободувањето на нашиот град. 
 

 
Во Неготино ќе се одржи вториот Саем на социјални претпријатија во ВПР PDF Печати
  Неготино ќе биде домаќин на вториот регионален Саем на социјални претпријатија од Вардарскиот плански регион кој го организира регионалниот Центар за поддршка на социјални претпријатија при Центарот за развој на ВПР и проектот „Поддршка за социјалните претпријатија“. Саемот ќе се одржи на градскиот плоштад во Неготино на 6-ти овој месец (четврток) со почеток од 11ч. и на истиот сите присутни ќе имаат можност да ги погледнат презентациите на социјалната мисија, претприемачките идеи и потенцијалите на 20-тина социјални претпријатија од регионот и невладините организации кои  се занимаваат со некоја економска активност. На саемот ќе се презентираат и можностите за раст на најиновативните регионални социјални претпријатија преку обезбедување соодветна поддршка. Проектот е поддржан од Европската унија, реализиран од Ептиса во конзорциум со Барка и Екорис во соработка со Министерството за труд и социјална политика и е од отворен карактер, така што саемот можат да го посетат сите заинтересирани граѓани.
 
Вонредна седница на Совет на општина Неготино 31.10.2022 година PDF Печати
        Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ бр.5/02 ) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “  бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 3 од Деловникот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “  бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното  

Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на  дванаесеттата   вонредна  седница на Советот на општина Неготино

   Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино  на ден 31.10.2022 година ( понеделник )  во 15:00  часот . За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д




1.    Предлог - Одлука за давање во владение на броила за  електрични енергија  од општина Неготино на ЈКП Комуналец Неготино

 
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 3 од 377