Совет општина Неготино
Усвоени Буџетот и Програмите за работа на општина Неготино за 2022 година PDF Печати
   На последната седница во тековнава година, советниците во Советот на општина Неготино донесоа повеќе одлуки и решенија со кои се овозможува нормално и непречено функционирање на локалната самоуправа во наредната 2022 година. Меѓу другото, беше усвоен Буџетот на општина Неготино за 2022 година поделен на два дела-општиот кој ги содржи вкупните приходи и другите приливи и вкупните расходи и одливи за наредната фискална година, како и глобалните проекции на приходите, приливите, расходите и одливите за наредните 2 години, додека посебниот дел содржи план на потпрограмите на основниот Буџет, одобрените средства на буџетските единки по програми, потпрограми и ставки за фискалната 2022 година. Вкупниот Буџет на општина Неготино за 2022 година изнесува 426.246.964 денари, а во ист износ се проектирани и расходите. На седницата беа усвоени и Програмите за работа на локалната самоуправа за наредната 2022 година. 
 
Седница на Совет на општина Неготино 29.12.2021 година PDF Печати
Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа  ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 и  13/20) и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува четвртата редовна седница на Советот на општина Неготино.
    Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 29.12.2021 година   (среда) во  12.00 часот.
    За седницата го предлагам следниот


Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Усвојување на записник од 3 редовна седница на Совет на општина Неготино
2.    Усвојување на записник од 3 вонредна седница на Совет на општина Неготино
3.    Предлог – Одлука за верификација на мандатот на член на Советот на општина Неготино
4.    Предлог - Програма за локален економски развој на општина Неготино за 2022 година
5.    Предлог -  Програма за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2022 година
6.    Предлог – Програма за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2022 година  
7.    Предлог - Програма за активностите на општина Неготино во областа на образованието во  2022 година
8.    Предлог –  Програма за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2022 година во општина Неготино
9.    Предлог - Програма за енергетска ефикасност на општина Неготино за 2022 година
10.    Предлог - Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2022 година
11.    Предлог – Програма за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2022 година
12.    Предлог - Програма за заштита на животната средина на територијата на општина Неготино за 2022 година
13.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Неготино  
14.    Предлог - Буџет на општина Неготино за 2022 година
15.    Предлог – Одлука за извршување на Буџет на општина Неготино за 2022 година
16.    Предлог – Буџетски календар за 2022 година
17.    Предлог - Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2022 година
18.    Предлог - Правилник за постапката и критериумите за утврдување на пазарната вредност на земјишта и утврдување просечни цени на градежно и земјоделско земјиште
19.    Предлог – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на плати , додаток на плати и надоместоци на плати на вработените кои вршат административно технички работи и помошни      работи во општина Неготино
20.    Предлог - Одлука за снимање на седниците на Советот на општина Неготино
21.    Предлог- Решение за именување член на Управен одбор на ЈУОДГ „Фемо Кулаков“ Неготино
22.    Предлог - Решение за давање согласност на План за работа за 2022 година на ЈП за јавни паркиралишта „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино бр.0102-292/1 од 21.12.2021 година
23.    Предлог- Решение за давање согласност на Финансискиот план за работа за 2022 година на ЈП за јавни паркиралишта „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино бр. 0501-293/1 од 21.12.2021 година
24.    Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
25.    Предлог - Решение за давање согласност на Одлука за избор на најповолен понудувач  бр. 02-510/4-1 од 26.11.2021 година на ЈП Комуналец

    
 
 
Службен гласник бр. 28/2021 PDF Печати
Службен гласник бр. 28/2021
 
Предлог – Програми за 2022 година на Општина Неготино PDF Печати
   Почитувани граѓани,
Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации како и поголема транспарентност, Општина Неготино ги објавува Предлог – Програмите за 2022 година.
Затоа јавно Ве повикуваме сите да се вклучите во процесот на донесување на Програмите и Буџетот на општината за 2022 година, давајќи предлози, сугестии, решенија, идеи и препораки во одредени области на локалната самоуправа кои би учествувале во донесувањето на општинскиот Буџет за 2022 година.
Вашите идеи, сугестии, предлози и идејни решенија може да ги доставите на е-маил адресата на општина Неготино Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите како и телефонскиот број 043 361 045.
Целта на оваа активност е сите Вие да учествуваат во процесот на креирање на Буџетот на општината и да се алоцираат средствата во согласност со вашите потреби.
 
 
 
Записник од 3 вонредна седница на Советот на општина Неготино PDF Печати
Записник од 3 вонредна седница на Советот на општина Неготино
 
Вонредна седница на Совет на општина Неготино 20.12.2021 година PDF Печати
Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( Службен весник на РМ. Бр.5/02 ) , член 77 од Статутот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 и 13/20 ) и член 57 ст. 2 од Деловникот на Општина Неготино ( Службен гласник на Општина Неготино бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното :

Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на  третатта  вонредна  седница на Советот на општина Неготино


Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино  на ден 20.12.2021 година ( понеделник  )  во 14 часот . За седницата го предлагам следниот :

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог – Одлука за усвојување на Елаборат за процена и утврдување на штети од елементарна непогода суша што ја зафати општина Неготино во периодот март - септември 2021 година


2.    Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Следно > Крај >>

Лист 7 од 9

Финансиски индикатор