Совет општина Неготино
Седница на Совет на општина Неготино 18.04.2022 година PDF Печати

Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа ( „Сл.весник на РМ “ бр.5/02 ), член 76 од Статутот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 и 13/20) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува десеттата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 18.04.2022 година (понеделник) во 14:00 часот.
За седницата го предлагам следниот


Д Н Е В Е Н Р Е Д


1. Усвојување на записник од 9 редовна седница на Совет на Општина Неготино
2.Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2022 година
3. Предлог – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за плати, надоместоци на плати и други примања на вработените во општинската администрација на Општина Неготино и ТППЕ Неготино
4. Предлог – Решение за именување на членови во Совет за превенција од малолетничко престапништво на Општина Неготино
5. Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Неготино и Општина Кавадарци
6. Предлог – Одлука за сопствено учество на општина Неготино во Проект за развој на селата преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година
7. Предлог – Одлука за сопствено учество на Општина Неготино во Проект за развој на урбани подрачја преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година
8.Предлог – Решение за давање Согласност за измена и дополнување на Годишен план за вработување за 2022 година на Општина Неготино
9.Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино
10.Предлог – Одлука за за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичката планска документација
11. Предлог – Решение за давање на согласност на Статурна одлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ ,,Страшо Пинџур,, Неготино
12. Предлог – Одлука за давање на согласност на Статурна одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино
13. Предлог – Одлука за давање на користење на недвижен имот во сопственост на Општина Неготино на ЗГ КУД „ Јане Сандански “ од Неготино
14.Советнички прашања 

 
Службен гласник бр. 4/2022 PDF Печати
Службен гласник бр. 4/2022
 
Службен гласник бр. 3/2022 PDF Печати
Службен гласник бр. 3/2022
 
Седница на Совет на општина Неготино 31.03.2022 година PDF Печати
Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа  ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 и  13/20) и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на  Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува деветта редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 31.03.2022 година   (четврток) во  15:30 часот.
За седницата го предлагам следниот


Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог - Одлука за усогласување на платата на вработените во општинската администрација на Општина Неготино со минималната плата на РСМ
2.    Предлог – Одлука за утврдување на максималниот износ на вредноста на бодот на давателите на јавни услуги и на директорот на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино за 2022 година
3.    Предлог – Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на Општина Неготино за 2021 година
4.    Предлог- Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај за 2021 година на ЈУОДГ „ Фемо Кулаков “ Неготино
5.    Предлог- Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај за 2021 година на Локална библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино
6.    Предлог- Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај за 2021 година на ОУ „ Музеј на град Неготино “ Неготино
7.    Предлог- Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај за 2021 година на ООУ „ Гоце Делчев “ Неготино
8.    Предлог- Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај за 2021 година на ООУ „ Страшо Пинџур “ Неготино
9.    Предлог- Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај за 2021 година на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино
10.   Предлог- Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај за 2021 година на СОУ „Св. Кирил и Методиј “ Неготино
11.   Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за финансиското работење на Центарот на Вардарски плански регион за 2021 година
12.   Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за реализација на програмата за развој на Вардарски плански регион за 2021 година
13.   Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
14.   Предлог- решение за доделување на финансиска поддршка
 
Седница на Совет на општина Неготино 15.03.2022 година PDF Печати

Седница на Совет на општина Неготино 15.03.2022 година

 https://youtu.be/tKsN1u0hhHU

 https://www.youtube.com/watch?v=yd2GKxTeDcw продолжение

 
Седница на Совет на општина Неготино 15.03.2021 година PDF Печати
 Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа  ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 и  13/20) и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „ Сл.гласник на  Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува седмата редовна седница на Советот на општина Неготино.
 Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 15.03.2022 година   (вторник) во  09:30 часот.
  За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д


1.    Усвојување на записник од 6 редовна седница на Совет на општина Неготино
2.    Предлог- Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на општина Неготино
3.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Неготино за 2022 година
4.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на Општина Неготино за 2022 година
5.    Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за енергетска ефикасност за 2022 година
6.    Предлог- Програма за изменување и дополнување на програмата за поставување урбана опрема на територијата на Општина Неготино
7.    Предлог- Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Неготино за периодот 01.01.2021 – 31.12.2021 година
8.    Предлог- Заклучок за усвојување на Извештај за извршен годишен попис на Општина Неготино за 2021 година
9.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишна сметка на буџетот на општина Неготино за 2021 година
10.    Предлог – Заклучок за усвојување на Интегриран извештај за доставените финансиски извештаи на спортските клубови од општина Неготино за 2021 година
11.    Предлог – Одлука за утврдување на нацрт план , Детален урбанистички план за дел од УЕ.6, дел од блок 20 ( помеѓу улиците „ Никола Карев “, „ Ленинова “ и „ Климентова “) КО Неготино, Општина Неготино


12.    Предлог - Одлука за донесување на ДУП за Урбана единица 3, дел од блок 11( ДУП за УЗ.3 дел од урбан блок 3.1 ) помеѓу улиците                „ Едвард Кардељ “ , „ Македонски бранители “ , „ Тиквешка “ и обиколница, општина Неготино
13.    Предлог – Решение за именување на членови на заедничката Комисија за меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кавадарци и Општина Неготино
14.    Предлог - Одлука за формирање на заедничка комисија за подготовка на актите за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Кавадарци и општина Неготино
15.    Предлог - Одлука за отпочнување на активности за ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето на општина Неготино за 2022 година од сите ризици и опасности
16.    Предлог – Решение за давање на согласност на измена и дополнување на годишниот план за вработување за 2022 година на ОУ „ Музеј на град “ Неготино
17.    Предлог- Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино
18.    Предлог - Заклучок за усвојување на финансиски извештај на ЈП     „ ПАРКИНЗИ “ Неготино за периодот од 01.01.2021 - 31.12.2021 година
19.    Предлог - Заклучок за усвојување на финансиски извештај на ЈП     „ Комуналец “ Неготино за периодот од 01.01.2021 - 31.12.2021 година
20.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на Отворениот граѓански универзитет „ Неготино “ Неготино за 2021 година
21.    Предлог -  Решение за доделување на финансиски средства
22.    Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Следно > Крај >>

Лист 5 од 9

Финансиски индикатор