Совет општина Неготино
Вонредна седница на Совет на општина Неготино 18.08.2022 година PDF Печати
       Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ бр.5/02 ) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “  бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 3 од Деловникот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “  бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното  

Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на  седма  вонредна  седница на Советот на општина Неготино

   Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино  на ден 18.08.2022 година ( четврток )  во 14:30 часот . За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Усвојување на записник од 14 редовна седница на Совет на Општина Неготино

2.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на  Програмата  за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2022  година


3.    Предлог – Одлука за сопствено учество на Општина Неготино во реализација на проектот „ Зајакнување на капацитетите на ТППЕ во општина Велес, Неготино, Свети Николе и Кавадарци  преку набавка на високо професионални возила согласно европските стандарди “

4.    Предлог – Одлука за утврдување на интерес за основање на Акционерско Друштво Градски Ракометен Клуб „ ВАРДАР НЕГОТИНО “ Неготино

5.    Предлог – Одлука за доделување на паричен надомест за секој ученик запишан во прво одделение во учебната 2022/2023 година во основните училишта во општина Неготино

6.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за образование на Општина Неготино за 2022 година

7.    Предлог – Одлука за пренамена на средства од Буџетот на општина Неготино

8.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за дополнување на План за работа на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “Неготино за 2022 година
 
 
Седница на Совет на општина Неготино 13.07.2022 година PDF Печати
 
Јавен повик за основање на облици на месна самоуправа во Општина Неготино PDF Печати
  Советот на Општина Неготино на седницата одржана на ден 31.05.2022 година донесе Одлука за распишување на јавен повик за формирање на облици на месна самоуправа во Општина Неготино и тоа: урбани заедници во градот и месни заедници во населените места.
На истата седница Советот донесе и Правилник за работа на облиците на месна самоуправа во општина Неготино.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани кои имаат интерес за основање на урбана заедница/месна заедница да поднесат иницијатива за основање до Советот на општина Неготино.
Иницијативата за основање задолжително треба да содржи : подносител, опис на подрачјето за кое се бара основање , образложение за потребите за основање и потпис на заинтересираните граѓани и истите да се поднесат до Архивата на Општина Неготино најдоцна до 10.09.2022 година.
Во прилог :
-    Одлука бр.08-395/4 од 31.05.2022 година
-    Правилник бр. 08-395/5 од 31.05.2022 година и
-    Одлука бр. 08-760/6 од 28.12.2066 година  
 
Седница на Совет на општина Неготино 22.07.2022 година PDF Печати
  Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ “ бр.5/02 ), член 76 од Статутот на општина Неготино ( „ Службен гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,
13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Службен гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 14 ( четиринаесетта ) редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 22.07.2022 година ( петок ) во 14:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
ДНЕВЕН РЕД
1.Усвојување на записник од 6 вонредна седница на Совет на Општина Неготино
2. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/3 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена за влез на оператор на гробишта и користење на ладилник
3. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/4 од 23.06.2022 на Управниот одбор на ЈП „ Комуналец “ Неготино за висина на цена за собирање на смет за физички
4. Предлог - Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/5 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена на гробни места и висина на цена за влез на гробишта на каменорезач
5. Предлог- Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/6 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена на машински и рачни работни задачи
6. Предлог- Програма за изменување и дополнување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на територијата на општина Неготино за 2022 година
7. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за локален економски развој на општина Неготино за 2022 година
8. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2022 година
9. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за култура, спорт и соработка со здруженија и фондации на Општина неготино за 2022 година
10. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за енергетска ефикасност на општина Неготино за 2022 година
11. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за заштита на животната средина на територијата на општина Неготино за 2022 година
12. Предлог - Програма за изменување и дополнување на Програмата за за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2022 година
13. Предлог- Измени и дополнувања на буџетот на општина Неготино за 2022 година ( ребаланс )
14. Предлог – Правилник за определување на постапка и критериуми за доделување на финансиски средства на задруженија и фондации од буџетот на Општина Неготино
15. Предлог – Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2023 година на ОУ „ Музеј на град Неготино “ Неготино
16. Предлог – Заклучок за утврдување на локација за дислокација на дивите гаражи, земјоделски машини, моторни хаварисани возила кои узурпираат јавна површина на територијата на општина Неготинo
17. Предлог- Решение за доделување на еднократна парична помош
 
Продолжување на 7 редовна седница на Совет на Општина Неготино на ден 22.07.2022 година во 13 :30 часот PDF Печати
Продолжување на 7 редовна седница на Совет на Општина Неготино на ден 22.07.2022 година во 13 :30 часот
 
Седница на Совет на општина Неготино 13.07.2022 година PDF Печати
Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ бр.5/02 ) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 и 13/20 ) и член 57 став 3 од Деловникот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на шестта вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино на ден 13.07.2022 година ( среда ) во 15 часот . За седницата го предлагам следниот :
Д Н Е В Е Н   Р Е Д
1. Усвојување на записник од 5 вонредна седница на Совет на Општина Неготино
2. Предлог - Одлука за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средно образование на подрачјето на општина Неготино
 
Службен гласник бр. 8/2022 01.07.2022 година PDF Печати
Службен гласник бр. 8/2022 01.07.2022 година 
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Следно > Крај >>

Лист 3 од 9

Финансиски индикатор