Информации корона вирус
Дезинфицирање на сите возила кои влегуваат во град Неготино PDF Печати

    Во тек е дезинфицирање на сите возила кои влегуваат во град Неготино, односно дезинфекцијата се врши и на двата влеза.

#СедиДома
#Covid19

 

Повеќе...
 
Дезинфекција на улици во градот и населеното место Криволак PDF Печати
  Во текот на денот екипи на ЈП „ Комуналец “ Неготино , ТППЕ Неготино и волонтери од општина Неготино со своја расположлива механизација извршуваат дезинфекција на сите улици во градот и населеното место Криволак со цел за поголема заштита , намалување и спречување за ширењето на корона вирусот.

 Голема благодарност за општествена одговорност упатуваме до сопствениците на фирмите

 Агросервис 2000 Неготино,
 Балкан ТИМ,
 Фрутема и
 АД „ Венец “ кои со своите расположливи средства, маханизација се вклучија во оваа акција за доброто на граѓаните на општина Неготино.

#СедиСиДома
#Covid19
Повеќе...
 
Акција за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот PDF Печати
   Со цел за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот, а во рамки на препораките од страна на Министерството за здравство, во текот на денешниот ден општина Неготино спроведе акција односно обезбеди хуманитарна помош ( средствa за лична хигиена ) за ранливитe категории на граѓани од општината и истите им беа доделени.
Во акцијата која денес беше спроведена во населеното место Војшанци беа вклучени десетмина волонтери поделени во пет тимови меѓу кои беа и советниците од Советот на општина Неготино.
Општина Неготино ќе продолжи со спроведување на оваа акција и следните денови во населените места Криволак и Пепелиште.
 
 
Повеќе...
 
Градскиот пазар во Неготино се затвора на неопределено време PDF Печати
  Градскиот пазар во општина Неготино од  24.03.2020 ( вторник ) година ќе биде затворен за сите трговци и посетители. Ова денес Советот на општина Неготино  го усвои на вонредна седница со што градскиот пазар ќе биде затворен на неопределено време за што дополнително ќе биде соопштено кога повторно ќе биде отворен. Оваа одлука Советот ја донесе врз основа на  препораките од страна на Министерството за здравство за заштита и превенција од корона вирусот. Со цел спречување на ширење на корона вирусот се апелира на задолжително почитување на оваа одлука од страна на пазарџиите но и од страна на граѓаните на општина Неготино.
Повеќе...
 
Извршена е дезинфекција на улици, јавни површини и урбана опрема во општина Неготино PDF Печати
   Со цел за заштита на здравјето на граѓаните во општина Неготино, а во рамки на препораките од Министерството за здравство на Р. С. Македонија, екипи од ЈП „ Комуналец “ заеднички со ТППЕ Неготино, денес но и изминатиот период извршуваат миење и дезинфекција на улици, урбана опрема, корпи за отпадоци на повеќе локации во град Неготино.
Во текот на денешниот ден извршена е и дезинфекција во населено место Војшанци, а во следните денови ќе се извршува дезинфекција и во останатите делови од градот но и населени места во општина Неготино.
Активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во општина Неготино се со цел да се подигне нивото на јавна хигиена, но и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот.
 
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 11 12 13 Следно > Крај >>

Лист 13 од 13

Финансиски индикатор