Информации корона вирус
Општина Неготино упатува огромна благодарност до фирмата „ Венец АД “ Долни Дисан за донацијата PDF Печати
   Општина Неготино упатува огромна благодарност до фирмата „ Венец АД “ Долни Дисан за донацијата на заштитна опрема односно заштитни маски кои во овој момент се најпотребни за заштита од корона вирусот.

#ОстаниДома

Повеќе...
 
Волонтерите од општина Неготино и денес се на терен. PDF Печати

    По доставените пакети со средства за лична хигиена во Војшанци и Пепелиште денес донирани се пакети за социјално загрозените семејства од населеното место Криволак. Тимовите и во следниот период ќе бидат на терен и ќе помагаат онаму каде што е најпотребно.

Повеќе...
 
Благодарност упатуваме и до фирмите „ Си Мар “ Војшанци и Автошколата „ 15 Јануари “ Неготино PDF Печати
   Благодарност упатуваме и до фирмите „ Си Мар “ Војшанци за донацијата на пакети со хигиенски производи кои ќе бидат донирани на оние на кој му е најпотребно.

Благодарност и до Автошколата „ 15 Јануари “ Неготино за донацијата на пакетчиња со средства за лична хигиена како и топли напитоци ( чај ) и мултивитамини.

Општина Неготино покажува дека има општествено одговорни компании кои помагаат во овие моменти.

Повеќе...
 
Општина Неготино упатува огромна благодарност до фирмата „ Агро Калем “ Тимјаник за донацијата PDF Печати
   Општина Неготино упатува огромна благодарност до фирмата „ Агро Калем “ Тимјаник за донацијата од 12.000 денари, средства кои ќе бидат искористени за набавка на заштитна опрема односно заштитни ракавици и маски кои во овој момент се најпотребни.
 
БЛАГОДАРНОСТ ДО КОМПАНИЈАТА ДППТУ „ Корона Душко ДООЕЛ “ експорт-импорт Неготино за донацијата на атомизер PDF Печати

   Во овие моменти кога нашата држава е погодедна од епидемијата од Корона вирусот, хуманата помош од општествено одговорните компании од нашата општина секогаш е добредојдена.
Имено, за потребите на ЈП „ Комуналец “ Неготино но вооедно и за доброто на сите граѓани од нашата општина , компанијата ДППТУ „ Корона Душко ДООЕЛ “ експорт-импорт  Неготино донираше атомизер со кој ќе се врши дезинфекција во град Неготино.
Општина Неготино упатува голема благодарност за оваа донација, а воедно ги повикуваме и сите останати фирми и граѓани од општината кои сакаат да помогнат во овие моменти да донираат и помогнат на било кој начин и да го спречиме ширењето на корона вирусот.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 10 од 13

Финансиски индикатор