Информации корона вирус
Дезинфекција на сите згради во општина Неготино PDF Печати
   Денес започна втората акција за дезинфекција на сите згради во општина Неготино. Волонтерите ги дезинфецираат скалите, ѕидовите, влезните врати и оградите , делови кои најчесто се допираат со раце. Упатуваме апел до сите куќни совети, покрај дезинфекцијата од страна на волонтерите, самите да ја одржуваат хигиената во своите влезови. Покрај дезинфекцијата на улиците во град Неготино се дезинфецираат и улиците во населените места во општина Неготино.

#ОстаниДома
 
Волонтерите и советниците од Советот на општина Неготино и денес повторно беа на терен и донираа пакетчиња со средства за лична хигиена и прехранбени продукти PDF Печати

   Волонтерите и советниците од Советот на општина Неготино и денес повторно беа на терен и донираа пакетчиња со средства за лична хигиена но и прехранбени продукти, кои беа обезбедени односно донирани од приватните компании но и поединци од нашата општина .

 Доделени беа пакетчиња на ранливите категории на граѓани согласно информациите добиени од Центарот за социјална работа Неготино, а истите денес беа доделени на семејства во селото Долни Дисан.

 Пакетчиња беа донирани и за штитениците на Дневниот центар за лица со ментален хендикеп „ Порака “ Неготино како и на Здружението на самохрани родители „ Надеж мит “ Неготино.

Општина Неготино ќе продолжи со донирање на пакетчиња и во следните денови во останатите населени места.

#ОстаниДома

 

 

Повеќе...
 
Извршена дезинфекција на сите улици во градот со цел за намалување и спречување на ширењето на Корона вирусот. PDF Печати
Во текот на денешниот ден екипи на ЈП „ Комуналец “ Неготино, ТППЕ и волонтери од општина Неготино со своја расположлива механизација извршуваат дезинфекција на сите улици во градот со цел за намалување и спречување на ширењето на Корона вирусот.

Во оваа акција се вклучени и механизации и екипи од фирмите
 „ АД Венец “ Долни Дисан ,
 „ АД Црвени Брегови “ и
 „ Агро сервис 2000 “, на кои им упатуваме огромна благодарност за нивната несебична поддршка за справување со ситуацијата со КОВИД 19 во нашата општина.
Повеќе...
 
ПРЕПОРАКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ ВО КАРАНТИН ИЛИ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА СО СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ ВО ДОМОТ PDF Печати

Повеќе...
 
Фирмата „Коди-ком“-Неготино со донација во вредност од 40.000 денари PDF Печати

  Средства за лична хигиена, средства за дезинфекција на домовите и други неопходни работи за време на вонредна состојба донираше фирмата „Коди-ком“ од Неготино. Вредноста на донацијата изнесува 40.000 денари за што општина Неготино изразува јавна благодарност до донаторот и информира дека донираните производи ќе бидат дистрибуирани до ранливите категории граѓани на кои помошта во овие мигови им е најпотребна.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 8 од 13

Финансиски индикатор